Од министер до директор и пропуштач на тепачи во М-НАВ: кој е Беким Незири кој пушти тепачи во кулата за летање
Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кој истовремено е вработен во М-НАВ е пријавениот дека учествувал во тепањето на вработените во контролната кула за летови. Незири беше повикан и во полициска станица, а најавено е дека ќе биде известен обвинител за овој случај. На судовите не им е првпат да го чујат името на Незири, бидејќи тој бил и претходно гонет.
Првите информации се дека вчера, Незири пуштил да влеза неколку лица преку рампата на М-НАВ. Влегле во објектот. Незири се заканувал, додека насилник кој го пропуштил, удирал по контролорот. Лути биле на контролорите Албанци, кои биле вработени, а сега се придружиле на Синдикатот кој најави дека неговите членови ќе поднесуваат оставки поради спорни вработувања на нестручен кадар. Полицијата се сомнева дека Незири е и организирачот на групата тепачи, а дека тие доаѓаат од огранокот на ДУИ во Чаир. Порталот „СДК“ пишува дека и во 2010 година, Незири натепал контролор на летање оти не му потпишал дека поминал обука за конролор.
„Скопје1“ се обиде да исконтактира со Незири, но на телефонскиот број кој го има нашата редакција, а го користеше токму тој, сега се јавува лице кое посочува дека не е Незири. Кога побаравме број од Незири, лицето одби да го даде.
Според кривичната историја, Незири бил пријавен за лажно пријавување на кривично дело, постапка која била запрена оти тужителот не се појавил на рочиште. М-НАВ бил тужен поради договор кој тој го потпишал, како и за откажан договор за вработување.
Незири важи за контроверзна личност кој повеќепати во јавност разгорувал страсти со национализам. Тој е личноста кој му се обрати на Артан Груби со „премиер“. Тој во 2014 година беше назначен за министер за економија. Половина од неговата кариера ја поминува во државни институции, па така, тој беше и директор на ПИОМ. Беше и член на Управниот одбор на М-НАВ.
Во 2020 година, Незири беше и носител на листа на ДУИ во изборната единица 3. Податоците од јавните архиви сведочат и за неговиот имот. Во 2016 година Незири пријавил имот вреден 260 илјади евра.
Незири извршуваше и функција директор за економски и правни работи во М-НАВ.
Синдикатот на контролори на летање смета дека повод на нападот е прес-конференцијата со најавени оставки од кадар во М-НАВ, како и најавените блокади. Токму по оваа прес-конференција се случил и хаосот во кулата. Насилниците поминале три безбедносни протоколи и влегле во објектот.