Президиумот на Левица со двајца нови членови, Амар Мециновиќ и Александар Симонов
Од
Објавено на
На вчерашната седница на Президиумот на Левица, како највисок политичко-егзекутивен орган на Партијата, донесена е одлука за проширување со кооптирање на двајца нови членови на Президиумот, и тоа:
Амар Мециновиќ досегашен координатор на Секторот за медиуми и односи со јавноста и тековен портпарол на Партијата. Од 2021 година избран за советник во Советот на Град Скопје.
м-р Александар Симонов досегашен координатор на Секторот за надворешна политика. Од 2021 година избран за советник во Советот на Општина Свети Николе.