Едно од жариштата во Скопје денес, Визбегово-Шутка каде се гори секаков отпад, објавија на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.
Тие пишуваат:
Вакви жаришта имаме и во Сарај-Ѓорче, Карпош, Гази Баба…. Решавањето на овој проблем ќе биде знак дека нештата тргнале на подобро и дека ќе почне да функционира системот, институциите во државава. Оваа појава е забранета со закон и казнива, но ни се случува секојдневно, низ цела година не само тука во Скопје, туку низ цела држава. Дали палење отпад, дали стрништа, преплавени сме од овој проблем. Вакво загадување е едно од најлошите, ослободува палета на токсични, мутагени суптанции кои остануваат долго во воздухот и се таложат во нашите тела. Ова мора да е еден од приоритетите во борбата за намалување на аерозагадувањето. Влада на Република Северна Македонија Град Скопје.
Едно од жариштата во Скопје денес, Визбегово-Шутка каде се гори секаков отпад. Вакви жаришта имаме и во Сарај-Ѓорче,…
Posted by O2 Иницијатива on Wednesday, February 20, 2019