Пешов за незаконскиот притвор: Ова е доказ дека немавме фер судење за „27 април“, тие кои го монтираа процесот ќе одговараат
Осудениот Митко Пешов за случајот „27 април“, за кого Европскиот суд пресуди дека незаконски бил држен зад решетки во притвор, ја поздрави одлуката. Според него, ова е пресуда која докажува дека 16 осуденици од овој предмет, кои добија вкупно 188 години затвор и се уште ги отслужуваат, немале право на фер судење.
„Правдата е спора но е достижна, Судот во Стразбур утврди повреда на правата при определување на притвор од страна на домашните судови. Она што ние го зборуваме повеќе од 6 години, дека ние немавме ОСНОВНА фер судска постапка од почеток до денес го потврди и оваа пресуда која е уште една во низата пресуди кои стигнаа изминатите месеци во наша корист. Оваа пресуда е доказ за тоа дека ние немавме фер, објективно и непристрасно судење.
Јас сум убеден дека сите оние кои учествуваа во монтирањето на овој процес ќе одговараат пред лицето на правдата. Денот доаѓа!“, напиша Пешов.
Претходно: