Не запира интересот на јавноста за Али Пашината џамија која се наоѓа среде охридската чаршија. Оваа џамија со децении беше затскриена и незабележлива, но откако започна реконструкцијата на овој споменик од 16 век не запираа полемиките. Јавноста подолг период реагира по најавата дека на овој споменик се враќа минарето од џамијата со висина од сегашните 6 и пол на 32 метри.
Визуелната проекција по завршената реконструкција на минарето покажува дека тоа ќе се издигне над околните објекти и ќе може да се види од сите страни на охридската чаршија.
Здружението „Совест“ е гласот на Охриѓани. Тие веќе две години реагираат на тоа како може да се да се изведуваат градежни зафати на споменик на културта, без градежна дозвола.
Од „Совест“ за Скопје1 го повторија нивниот став дека се против градба без градежна дозвола. Од здружението додаваат дека уште кога започнаа градежните работи на џамијата испратиле допис за овој проблем до завод и музеј, до управата за заштита на културно наследство и градежниот инпекторат, но какао што ни рекоа од „Совест“, до овој момент ниту една институција одговорила не нивниот допис.