Американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли, пред завршувањето на мандатот во државава, сними интервју во кое одговара на 50-тина прашања. Прашањата се поврзани со неговиот престој и работата во Македонија.
На прашањето дали е вистина дека влијаел врз најголемиот дел од политичките одлуки во Северна Македонија, тој во шега одговора:
– Не, за жал, не, но влијаев врз времето благодарение на ХААРП-от.
Иако, како што додаде, би сакал да влијае врз тоа да има што помалку ѓубре на улиците.
Тој на неговиот наследник му порача секогаш да ги игнорира троловите, а на граѓаните во Македонија да бидат оптимисти оти земјава има иднина.
Од целото интервју Бејли не одговори само на прашањето кој му е омилен премиер Заев или Груевски.
Бејли заминува од земјава по 4 години служба.