Поради нагло спуштање на многу студена воздушна маса од север во текот на ноќта и в сабота преку денот ќе дува силен североисточен ветер, на места ќе достигнува брзина од 90 до 100 км/час. Ќе има повремени врнежи од снег, особено претпладне, а на повеќе места ќе се формира помала снежна покривка. Дневната температура значително ќе се намали. Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, претежно со слаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во ноќните часови врнежите насекаде ќе преминат во снег, а ветерот значително ќе се засилува и на места ќе достигнува околу 100 км/час.
Од недела следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст.