Македонија

Кашлицата се шири брзо, а можат да заболат и бебиња – пикот кон крајот на февруари

Како што доаѓа крајот на февруари, така Македонија се ближи кон пикот на вирусот со голема кашлица. На Детската клиника е хоспитализирано и бебе, а бројката на заразени расте алармантно. Се повеќе поплаки и барање на лекови има и кај матичните доктори. Докторот Ненад Лазаров посочува дека станува збор за „Пертусис“ која е сериозна болест што брзо се шири.

„Вакцините за пертусис не штитат толку долго колку што би сакале ние, постои потреба од обновување на 10тина години. Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест. Сите референтни институции препорачуваат трудниците да се вакцинираат помеѓу 27 и 34 со цел да му овозможат имунитет на новороденото од првиот здив. Пертусис е пресериозна болест за новородено, доколку заболат, 9 од 10 бебиња до 3 месеци ќе бидат хоспитализирани на минимум една недела, а кашлицата трае со месеци, тоа не е обична кашлица, како тоа драматично изгледа и звучи сами гуглајте ако сакате да видите зошто се вика магарешка. Има начин и безбеден е“, посочи тој.

Од Комисијата за заразни болести кажаа дека пикот ќе биде кон крајот на февруари

„При крајот на февруари се очекува пик, максимум од честотата на грип и слични болести на грип“, изјави Александар Петличковски, претседател на Комисијата пред половина месец.

Директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје, Бесим Зеќири за ДВ вели дека во моментот има 12 случаи на магарешка кашлица, од кои 11 се деца, а само едно лице е возрасно. Неколку случаи се во фаза на испитување. Тој апелира до родителите да ги вакцинираат децата, со што ќе се спречи понатамошно ширење на болеста.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вели дека ќе остави на професионалците да одлучуваат какви мерки ќе се преземат понатаму во врска со големата кашлица.

„На седницата на Комисијата за заразни болести ќе се разгледа каква е состојбата. Таму има врвни професионалци, јас сум невролог. Ќе оставам на професионалците кои се во таа комисија, да се одлучува како понатаму. Но, тоа што ветувам и досега што тврдев, состојбата е под контрола и ние ги надгледуваме сите состојби во здравството, не само за заразни болести. Веќе е месец февруари, ќе им дојде крај и на овие вируси и други состојби што го влошуваат здравјето на пациентите“, рече Меџити, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија во Скопје.

Симптомите на вирозата се прво како на настинка, а потоа се добива напади на кашлање. Ситуацијата може да биде опасна по живот за нив бидејќи нивните дишни патишта сѐ уште се тесни и можат да отечат за кратко време.

Аларманто расте бројот на заразени од голема кашлица

На почеток