Апсење во скопско Волково: маж бил баран со потерница, сега е однесен во затвор
Од
Објавено на
На 08.02.2024 во 20.40 часот во с.Волково-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(64) од скопско поради тоа што за него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд-Скопје за затворска казна за сторено кривично дело по чл.297 ст.1 од КЗ за загрозување на безбедноста во сообраќајот.
Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.