Скопје ќе има вода, објави Водовод и тврди дека некој им упаднал на Фејсбук
Од
Објавено на
“Во текот на утрешниот ден Градот Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето”, велат од Водовод и додаваат:
За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие Водовод и канализација ќе превземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на градот Скопје.
Утре сите населени места во Градот Скопје ќе бидат целосно и редовно снабдени со вода за пиење.