Свет

Париз се парализира, десетици трактори пристигнаа во француската престолнина: „Нашата цел е да покажеме дека нема да се предадеме“

Француските земјоделци денеска организираат протест во Париз, а во главниот град на Франција веќе пристигнаа неколку десетици трактори.

„Нашата цел е да покажеме дека нема да се предадеме. Се додека не се појавиме во Париз, владата не се плаши“, изјави за BFMTV еден од фармерите, Максенс Витман.

Во меѓувреме, францускиот претседател Емануел Макрон ги повика незадоволните земјоделци на состанок за време на Парискиот земјоделски саем, кој ќе трае до 3 март.

Претседателот на Националната федерација на земјоделски синдикати (FNSEA), Арно Русо, сепак рече дека нема да присуствува на состанокот.

„Не одам на овој голем состанок. Сметам дека е неразбирливо што се случува. Цинизмот што преовладува е неподнослив за луѓето што ги претставувам“, рече Русо.

Француските фармери протестираат со недели барајќи од француската влада да им обезбеди повисоки приходи и поповолни административни услови. Тие се незадоволни од зголемувањето на трошоците за гориво, доцнењето на исплатата на субвенциите од Европската унија, како и зголемената бирократија и конкуренцијата кога се работи за увоз на стоки.

На почеток