Наместо да ги намалат, СДСМ ќе менува закони за да пак не се зголемат платите на функционерите
Наместо намалување на веќе покачените плати на функционерите, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека платите нема дополнително да се зголемат. По неколку месеци откако со укинување на одлука од страна на Уставен суд, тие земаат за 78% поголеми плати, Ковачевски најавува дека СДСМ ќе бара менување на закони за да платите на функционерите дополнително не се зголемат со растот на минималната плата.
„Постоечките коефициенти ќе бидат намалени, а платите на израните и именуваните функционери нема да пораснат“, вели Ковачевски.
Претходно, Ковачевски како премиер кажа дека имало 7 закони за менување. И овие закони не беа променети. Со месеци, функционерите земаат драстично поголеми плати, кои се мерат во илјадници евра. За ова се трошат 15 милиони евра на годишно ниво.