Пендаровски е сериозен кандидат за претседател, но не е дефинитивен, рече Ковачевски
Од
Објавено на
Стево Пендаровски е сериозен кандидат, СДСМ разговара но нема дефинитивен кандидат за претседател. Ова го соопшти Димитар Ковачевски, претседател на оваа партија.
Според него, партиските органи ќе го кажат последниот збор. Прашан дали СДСМ има и други кандидати кои сакаат да се сместат во Вила Водно – нема одговор.
„Во однос на другите кандидати, можам на сите да им посакам успех. Да посакам фер и демократска кампања“, кажа Ковачевски.
Партиските органи на СДСМ ќе заседаваат идните денови, најави Ковачевски.