(Видео) По вчерашниот „упад“: Џафери лечи фрустрации врз сопрпугата на загинат полицаец во Диво Насеље, тврди Ковачки
Однесувањето на техничкиот премиер Талат Џафери кој се стави во улога на „инспектор“, за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, е лечење на фрустрации. Тој во објавата посочува дека меѓудругото, жената на која Џафери и се обраќа е сопруга на загинат полицаец во Диво Насеље.
„По кое правило премиерот самостојно може да врши упад во полициски станици и да ја прекинува работата на вработените во МВР лечејќи свои фрустрации врз нив, вклучително и врз сопругата на загинат наш полицаец од Диво Насеље?“, прашува Ковачки.
Лавина на реакции донесе однесувањето на Џафери. Тој вчера беше во СВР Тетово и во една од канцелариите влезе со камери. Таму воспоставуваше ред и бркаше луѓе од просторијата.