Македонија

„Вреди“ на Изет Меџити се бунтува бидејќи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека избор на претседател ќе се прави на избори

„Иницијативата за избор на Претседател на Република Северна Македонија во Собрание не е моноетничка, туку политички рационален пристап. Ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ контра определбата на “Вреди” се враќање во 1990, времето кога се доживуваше како трагедија Албанците да обавуваат највисоки државни должности“, реагира „Вреди“ на Изет Меџити.

„Нивниот ортак ДУИ едно зборува а друго прави. Ако навистина се залага за Прв Претседател Албанец треба на јавноста да и објасни зошто не ја подржа кандидатурата на Арбен Таравари и зошто се обидува да ја минира можноста Албанците да имаат шеф на државата во 2024. Поставуваме јавно прашање за кои кругови служи Али Ахмети со одлуката да го распарчи албнското гласачко тело.

“Вреди” во коалиција со Албнскиот Народ ќе ги порази и последните остатоци на удбашките “апартхејд” политики“, додаваат од коалицијата „Вреди“ на Изет Меџити.

На почеток