ДПМНЕ да ги поддржи законите за намалување на платите на функционерите, повика СДСМ
„ДПМНЕ да ги поддржи измените во законите, за намалување на платите на сите избрани и именувани функционери“, повика СДСМ и додаде:
Измените во шест закони, по скратена постапка, ги предложи пратеничката група на СДСМ
Тие предвидуваат намалување на постоечките коефициенти на плати со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.
Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, ова е единственото уставно решение.
Со овие законски измени се опфатени пратеници, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица.
Парите наместо за поголеми плати на функционерите да завршат кај граѓаните.
Со СДСМ во изминатите години растат платите и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.