Се случуваат убиства, а нема разрешница, се жали СДСМ
„Се случуваат убиства, а нема разрешница, некадарност на ДПМНЕ или вмешување во бизнисот со дрога?“, вели СДСМ и додава:
Во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.
Нема разрешница за настаните, кои според првичните информации од медиумите се криминална пресметка на лица од подземјето.
ДПМНЕ и министерот Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот.
Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голема некадарност во водењето на МВР.
Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност.
Но, овој случај открива и подлабоки сомневања.
Дали се работи само неспособност на кадрите на Мицкоски во МВР или структури блиски на ДПМНЕ се обидуваат да се вмешаат во нелегалните бизниси со дрога?