Македонија

Бојмацалиев ги повика пратениците да го изгласаат Законот за продажба на станови во државна сопственост

„Дозволете ми во свое и во име на МВР да го истакнам значењето на Законот за продажба на станови кои се во државна сопственост, а кој моментално се наоѓа во собраниска процедура. Овој закон претставува значаен чекор напред кон подобрување на условите за живот и работа на нашите вработени. Тоа е израз на признание за нивната неуморна посветеност, труд и жртва што ја прават во секојдневното извршување на полициските работи“, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и додаде:

Верувам дека оваа мерка ќе придонесе кон мотивација и задоволство на нашите вработени, а со тоа и кон понатамошно зајакнување на нашата институција.

Почитуван претседател на Комисијата за финансирање и буџет, Бојан Стојановски,

Почитувани пратеници од македонското Собрание,

Од круцијална важност е да се одблокира процедурата за донесување на овој закон којшто е пуштен во собраниска процедура уште во 2021 година, поточно 6 јули 2021 година, а кој моментално е заглавен во Комисијата за финансирање и буџет. Овој закон овозможува лицата вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и оние кои се стекнале со право на пензија во МВР, да ги откупат државните станови кои ги користат подолг период, со што го решаваме нивното станбено прашање.

Недозволиво е некој во македонското Собрание некој дрши активна блокада и да делува наспроти интересите на граѓаните и на вработените во МВР. Затоа, ве повикувам да застанете на висина на задачата и законот да биде изгласан во интерес на сите нас.

На почеток