Видео и Фото

(Видео) „Нека помини Бyjap да му спакувам шо остана од ручек, луѓе сме, да си поможиме“ – го исмејуваат Османи откако кажа дека живее од плата

Поплаките од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека не може да преживее без плата и дека ќе мора да отвори кредит, се мета на исмејување бидејќи граѓаните сметаат дека тој живее на „висока нога“. Со денови, изјавата за „Плусинфо“ на министерот е мета на коментари на социјалните мрежи.

„Bujar Osmani да не ти треба број од iute Macedonia? Даваат кредити без камата!“, пишува Иљче Затаракоски.

Смислија и име за нов кредит.

„Нека помини Бyjap да му спакувам шо остана од ручек, луѓе сме, да си поможиме…“, нашиша Божидар Божиновски.

Кире Михаилов направи и кутија за донации, покрај која се фотографираше.

„Добро би било со потписот за Бујар да оставате и по едно влакно. Зошто реално, едно влакно за вас е ништо, но за Бујар е многу“, напиша Иљче Затаракоски.

Тој и во нов статус го коментираше Османи.

Османи: “Морам да се задолжам за да преживеам ако еден месец не земам плата.”
Остатокот од земјава: “Морам да се заколам за да преживеам ако еден месец не земам плата.”

На почеток