По повеќе од две години, ќе се знае дали ќе има одговорност за изградбата на изгорената модуларна болница во Тетово
За кратко време ќе се знае дали ќе има одговорност за начинот и материјалите од кои беше изградена модуларната болница во Тетово. Случајот кој во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се води повеќе од две години, веќе има и вештачење.
Овој случај ја испитува изградбата на сите 19 модуларни болници во Македонија. Иако немаше индиции за злоупотреби, а институциите укажуваа дека е градено спроед проект и по највисоки медицински и безбедносни стандарди, предмет беше отворен.
„Сега сме во фаза на донесување на одлука. Јавниот обвинител го проучува предметот. Сакаме да го запознаеме Републичкото обвинителство и да донесеме одлука“, беше кажано на брифингот со новинарите од страна од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Предметот беше од обвинителката Вилма Русковска, а го водеше Елизабета Јосифовска.