„Со украдените милиони од власт, ДУИ лесно плаќа гласачи“, напиша Хајредини, а Најчевска додаде: „Првите пари ги украдоа од УЧК“
Од
Објавено на
Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, смета дека ДУИ додека биле на власт изминатите 20 години, украле доволно, за да можат да потплаќаат граѓани. На ова се надоврза и професорката Мирјана Најчевска која посочи дека првите пари ги украле од терористичката организација УЧК.
„Со милионите што ги краделе додека биле и сè уште се на власт, ДУИ лесно може да плаќа гласачи за да останат на власт“, напиша Хајредини.
Се надоврза и Најчевска.
„Првите пари ги украдоа од УЧК. Јас навистина не знам зошто етничките Албанци дозволуваат некој да ги прави будали на здрав памет“, додава Најчевска..