Младите лекари на 6 месечна пракса во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош
Министерството за здравство реагираше на незадоволството од младите лекари во делот за шестмесечна платена пракса.
Тие ќе бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при здравствените домови на територија на целата држава, соопштуваат од Министерството.
„Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои извршуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои извршуваат платена пракса по добивање лиценца, дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, сѐ со цел непречено спроведување на вакцинацијата, стои во соопштението на министерството.
Сега се чека одговор и дтав од ДКСК поради, предизборниот период.
Ова доаѓа како рескција на стотинс млади лекари по општа медицина кои со месеци чекаат да бидат повикани на шестмесечна платeна пракса, која како што велат, им следува согласно Законот за здравствена заштита после положен испит за лиценца во Лекарската комора.
Младите лекари забележуваат дека иако секојдневно се зборува за недостаток и одлив на кадар, активните конкурси за вработување биле ретки.