Македонија

Несреќа во Валандово – возач заврши во болница со тешки повреди

Фото: Илустрација

На 10.03.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на булевар „Првомајска“ во Валандово, патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, удрило во бетонско острово на булеварот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ј.(54) од село Пирава, валандовско, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

На почеток