Македонија

Апсења во Карпош и Аеродром, но и на границата „Блаце“ и во Тетово

Фото: Илустрација

На 10.03.2024 во 13.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2024 во 14.15 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(31) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2024 околу 13.00 часот на улица „163“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 25-годишниот А.Ј. од тетовска Мала Речица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против А.Ј. ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2024 во 20.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Л.(44) од Франција затоа што при извршена гранична проверка и контрола било констатирано дека возилото „ауди“ со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во оперативна евиденција по барање од Интерпол. Возилото било одземено, а Г.Л. бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.

На почеток