Македонија

Издадени се 300.000 термини за лични документи, се прочистуваат и листите за да се забрза процесот

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека досега се закажани 300.000 термини за издавање на лични документи. Посочи дека постојано се прочистуваат листите, за од тие кои пред време завршиле работа, а имале термин, истиот да се префрли кај други граѓани.

„Врз принцип на правичност гледаме да го избуткаме овој процес. Бројката на термини, луѓе кои треба да пристапат во нареден период се 300.000 со закажани термини. Кога станува збор за 300.000 термини, малку е тешко да се справиме на најправичен и праведен начин. Даваме максимален допринос од наша страна и гледаме да е праведно. Сега почнавме на недела дена да ги чистиме листите со термини, за сите кои имаат завршена работа – се предомислил и од редовна отишол на итна постапка, за да друг ги добие термините“, рече Тошковски.

Тој посочи дека ќе бараат начин листите да се прочистуваат на дневно ниво.

На почеток