Македонија

(Видео) Објавен прв изборен спот за Стево, се претставува како гласен критичар на неправдите и политичар кој бара одговорност

Чесен и совесен, политичар кој бара одговорнсот – вака во предизборниот спот кој трае шест минути се претставува Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ за претседател, кој сака втор мандат.

„Чесен и совесен во работењето. Гласен критичар на неправдите, застапник за транспарентност и професионалност. Пендаровски беше и остана отворен за јавноста. Претседател кој успешно ја претставува државата надвор. Како еден од предводниците на нашата европска интеграција, ќе продолжи да работи за членство на државата во ЕУ. Стево е претседател кој обединува, кој почитува. Претседател за сите нас – Стево Пендаровски!“, стои во описот на видеото.

На почеток