Ни Ковачевски не знае кога ќе се заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Од
Објавено на

Без одговор остана прашањето кога ќе биде завршен автопатот Кичево-Охрид. Сите рокови се пробиени одамна, а експремиерот Димитар Ковачевски кој планира да добие нов мандат, кажа дека треба нова одлука во Собранието па да се види што понатаму.
„Тој договор бил донесен како закон во Собранието, така што таму треба да се одлучи“, рече Ковачевски.
Истовремено, ги повтори низата критики кон поранешната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која го започна проектот – дека не бил добро испроектиран. Ковачевски додаде дека автопатот Кичево-Охрид е готов 80 проценти.
