Македонија

Бектеши: Кој ќе изгуби да си замине од политиката, далеку сме од коалиција со СДСМ

Бектеши до Мицкоски: Како може поранешен министер на ВМРО-ДПМНЕ да биде сведок против својата држава

СДСМ И ДУИ се далеку од договор за заеднички настап на парламентарните избори. Актуелниот министер за економија, Крешник Бектеши утрово делуваше прилично самоуверен дека неговата партија ќе ги добие изборите.

Прво рече дека Османи е речиси влезен во вториот круг, а потоа во име на Ахмети упати и понуда до сите партии, да се договорат, оние лидери кои ќе ги загубат изборите да се повлечат од политиката.

„Еве повикувам да направиме договор тој што ќе загуби да не се занимава повеќе со политика, еве ние фрламе ракавица, ова важи и за ВМРО-ДПМНЕ. Нека повелат јавно да потпишеме тој што ќе изгуби ибори, нека не се занимава со политика. Сите лидери загубиле избори повеќе пати, само господинот Ахмети никогаш не изгубил избори и нема ни да изгуби“, рече Бектеши.

На почеток