Македонија

Во онлајн-системот на т.н. црна листа на САД го нема Рамиз Мерко при пребарување

Во онлајн-системот на САД, за непожелни лица кои имаат забранет пристап и санкции од Стејт департментот, не може да се најде струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко. Тој заврши на т.н. црна листа, уште во јуни минатата година. Се обидовме, но неговото име не го прикажува на листата. Тој е единствениот од ДУИ, кој се најде на оваа листа.

„Вашето пребарување не врати никакви резултати“, е пораката која ја покажува системот за санкции.

За разлика од името на Мерко кое не го прикажува во системот, достапни се имињата на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Мендух Тачи – кои ги прикажува при пребарувањето.

За името на Рамиз Мерко, кој во три мандати управува со општина Струга се врзуваат многу афери и обвинувања за корупција. Но ниту една не добила судска завршница. Покренато е и обвинение за набавката на луксузниот марка „Ауди А6“ вреден речиси 67.000 евра. Стејт департментот наведе дека има силни докази дека струшкиот градоначалник бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава.

На почеток