(Видео) Три најголеми грешки на СДСМ, три најважни политики на ВМРО-ДПМНЕ и дали во партијата има заедништво
Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, тврди дека поделби во партијата нема, а ниту фракции. Според неа, се делува кохезивно. Во интервју за „Скопје1“ таа говореше за тоа што нѐ чека во изборната кампања. Посочи и три најголеми грешки на СДСМ, но и три политики на ВМРО-ДПМНЕ поради кои очекуваат најголема поддршка.
„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа дека одлучува и делува самостојно. Нема дилема за кохезивоноста која владее, како политичка партија, пуслираме во еден ритам. Доволно јасно е за принципот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и колку сме останале истрајни по однос на нашите политички делувања“, вели Митева за „Скопје1“.
Посочува дека фракции – нема.
„Нема ни мини група, ако зборувате за изолирани случаи и индивидуи, не сметам дека треба да зборуваме за луѓе кои се таму каде што се поради нивна определена потреба и некоја нивна цел“, додава таа.
Прашана кои се трите најголеми грешки на СДСМ, Митева вели: економија, криминал и корупција и ниско и ужасно, лошо водење на надворешна политика.
За тоа што ќе му донесе гласови на ВМРО-ДПМНЕ вели: „силна економија, развој на економија во делот на инфраструктурата и многу работа.