Македонија

Ковачевски: Пендаровски е кандидат на граѓаните, со јасна визија за европска иднина

Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните! – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. И ве уверувам, победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! – рече Ковачевски

А за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател! Сите заедно, сплотени и решителни ќе продолжиме цврсто да газиме на патот кон Европската Унија. Европска Македонија ќе биде реалност! – беше дециден претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

На почеток