Магазин

Неда Арнериќ се обидела да се самоубие – лекарите се борат за нејзиниот живот

Славната актерка Неда Арнериќ се обидела да се самоубие во својот стан. Неда Арнериќ, една од најголемите српски и југословенски актерки се обидела да се самоубие сношти во нејзиниот стан во Белград, пренесува српски „Курир“.

Нејзиниот брат пријавил на полицијата дека Неда не му одговара на телефонските повици. Во домот на актерката веднаш пристигнала полицијата, пожарникари и бравар. Вратата била заклучена со клучот од внатрешната страна.

Браварот и пожарникарите, заедно со братот влегле во станот и ја нашле актерката онесвестена. Таа давала знаци на живот, а покрај неа била кутија од лекови. Арнериќ во тешка состојба, е итно пренесена во болница. Пред три години, таа под непознати околности падна од станот на својата тераса и се здоби со повеќе тешки повреди.

„Скокнав од тераса затоа што ми се смачи овој живот. Мојот сопруг е болен“, му рекла Арнериќ тогаш на анестезиологот пред операцијата.

Сопругот на Арнериќ, познатиот хирург Милорад Мештеровиќ, почина на средината на декември минатата година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток