Три платформи кои се поставени во заштитеното подрачје на Матка се дивоградби а градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, најавува дека ќе се обиде да најде правно решение за трите во пакет. Иако прецизно не кажа, меѓу редови најави дека како последна ја остава можноста да се руши било која од поставените три платформи. Вели дека платформите се таму со години и дека станува збор за реновирање и реставрирање а не изградба како што објавија медиумите но и градските власти и смета дека станува збор за контра кампања.
На градоначалникот Шилегов му порача дека избрзал со изјавите и дека треба да се фокусиа на проблемите за кои е надлежен а кои се на територијата на Општина Сарај.
Од министерството за транспорт и врски, каде веќе трет ден чекаат официјална информација од надлежна институција за поставената платформа, соопштија дека сеуште немаат одлука околу евентуалното одземање на ингеренциите на Општина Сарај.
Повеќе на Телма.мк