Македонија

(Видео) Каков е кредибилитетот: Иако осомничен, Иџет Мемети ќе си остане член на Советот на јавни обвинители и ќе носи одлуки

ФОТО РСЕ

Постапка за разрешување на Иџет Мемети од Советот на јавни обвинители нема да има, додека вина не се докаже по судски пат. Тоа значи дека тој ќе остане да одлучува за иднината на обвинителите, иако има својство на осомничен во постапката за земање на пари за противзаконито влијание, во која врховниот судија Наке Георгиев беше фатен со 10.000 евра од полицијата. Неговите колеги, членовите на Советот, сметаат дека ова е исправна и законска одлука. За ова прашање беше дискутирано на денешната седница.

„Советот на јавни обвинтиели, за заштита на кредибилитетот на Советот и ценејќи ја пресумцијата на невиност, ги разгледа сите аспекти за надминување на оваа состојба. Постапка е предвидена за разрешување на член на Советот, но меѓутоа постапката мора да биде со образложено барање, поднесено од 20 јавни обвинители или 1/3 членови од Советот, но треба да е обезбедено со докази“, рече Душица Димитриеска.

Мемети треба да одлучи сам дали ќе учествува во работата на Советот, со оглед на фактот дека нема забрана за вршење дејност.

„Како членови на Советот, не можеме да побараме да поднесе оставка. Останува моралниот аспект на членот на Советот“, додаде Димитриеска.

На почеток