Свет

Членките на НАТО се подготвени да преземат поостри акции против руските шпиони

(Видео) Столтенберг: Украина успеа да врати 50 отсто од териториите преземени од Русија

Членките на НАТО се подготвени да преземат поостри акции против руските шпиони во земјите членки на алијансата, изјави генералниот секретар на таа алијанса, Јенс Столтенберг.

Според него, ова ќе биде одговор на кампањата на Москва на непријателски активности, која вклучува акти на саботажа и сајбер напади.

„Видовме неколку примери на саботажа, обиди за палење, сајбер напади, дезинформации“, изјави Столтенберг за новинарите, додавајќи дека министрите за одбрана на НАТО на претстојниот состанок во Брисел ќе се фокусираат на „руската кампања на непријателски активности против сојузниците на НАТО“, објави Ројтерс.

Столтенберг рече дека министрите ќе разговараат и за опциите на НАТО да одговори на руските закани, вклучително и заштитата на критичната поморска и сајбер инфраструктура, како и „построги ограничувања за рускиот разузнавачки персонал во земјите на Алијансата“.

На почеток