Свет

Приведен македонец во Бор: Провали во магацин на кинеска компанија, крадел кабли и делови за машини

Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикот

Полицијата во Бор го уапсила државјанин на Македонија Н.Г.(51) за тешка кражба.

Тој е осомничен дека провалил во магацини на кинеска компанија и украл околу 400 килограми високонапонски кабел, 134 килограми бакарен кабел, 79 килограми бронзени делови за работни машини и други предмети.

Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикот.

По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

To Top