Свет

Потресни сцени од погребот на девојката која беше убиена во Грција

Стотици луѓе вчера го испратија девојчето на вечниот одмор

Девојче (11), кое беше брутално убиено во Грција, вчера беше погребано во родното село, а сцените од погребот се срцепарателни.

Малата Василика, за чие убиство се сомничи нејзин роднина (37), до вечниот одмор ја придружуваа стотина луѓе.

Блиските на убиената девојка го носеа белиот ковчег со нејзиното тело од нејзината куќа до црквата Свети Анастасиј, каде што беше извршен погребот.

Во тажната поворка беа и нејзините пријатели од училиштето и професорите, кои не можеа да ги сопрат солзите. Разделните зборови на нејзината учителка беа потресни.

Василики беше среќно дете, полно со планови, а нејзиниот живот застана во миг. Ја убил роднина, бидејќи одбила да има односи со него и се заканувала дека ќе ги тужи неговите родители. Од бес и пикнал шрафцигер во срцето, а потоа и го фрлил телото на нива.

За време на погребот одекнуваше лелек.

“Нека најде правдата моето девојче. Моето девојче не го заслужи ова мачење. Сакам да им порачам на сите мајки на светот да се грижат за своите малечки девојчиња. Не дозволувајте да им се случи истово”, рече мајката на Василика во солзи на погребот.

По погребот над црквата беа пуштени десетици бели балони, а при внесувањето на телото се слушаше аплауз во чест на убиеното девојче.

Да потсетиме, вчера, пред погребот, непознати лица ја запалија куќата на осомничениот за убиството на малата Василики. За среќа, во куќата немало луѓе, бидејќи неговите роднини го напуштиле селото поради страв од одмазда.

На почеток