Скопје

(Видео) Крадци во Црниче извлекоа сеф од банкомат: возеа, па им падна среде пат и едвај го собраа во багажник

Кражбата која се случи пред два дена во Црниче, на стотина метри од седиштето на МВР, била снимена од жители. Се гледа како сефот од банкоматот се изнесува од маркетот „Рептил“.

Неколку лица го вадат, го качуваат во автомобил, па по неколку метри возење – им паѓа среде улица. Тие излегуваат и пак го ставаат во автомобил. Досега истите не се пронајдени.

МВР сподели детали.

„На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, кажаа од МВР.

На почеток