Османи набрзинка ја скапува Ејупи: Несудената конзулка добива итен дипломатски пасош, за да помага во Бон
Несудената конзулка, а поранешна ТВ презентерка, Бесмира Ејупи, заминува на испомош во Бон, Германија, веќе во вторник. За издавање на дипломатски пасош потребни се најмалку 15 дена, но, не и сега. Таа треба да го добие во најкус можен период, за во вторник да биде на своето ново работно место. Министерот за надворешни работи во заминување, во „последна секунда“ и ги спакува куферите на Ејупи.
Ејупи ќе работи на издавање на пасоши, ако се следи одговорот на МНР. Оттаму посочуваат дека има наплив на иселеници кои бараат патни исправи, а Ејупи ќе го средува хаосот. Помошен персонал како Ејупи е потребен оти е сезона на годишни одмори, па нема кој да работи.
Претходно, имаше обид на Османи, истата Ејупи да биде назначена за конзул во Њујорк. По купот реакции, меѓудругото и дека нема дипломатско искуство, Османи ја отповика дадената насока.