Свет

11 загинати во два бродоломи во близина на брегот на Италија: 66 се исчезнати

Венеција, туристи

Најмалку 11 лица загинаа, а 66 се водат како исчезнати, меѓу кои 26 деца, како последица на два бродоломи во близина на брегот на јужна Италија.

Агенциите на Обединетите нации објавија дека бродовите превезувале мигранти кои тргнале од Либија и Турција, јавува Би-би-си.

Германската добротворна организација „Рескшип“ денеска соопшти дека во понеделникот собрала 51 лице од дрвен брод што тоне и пронашла 10 тела заробени на долната палуба во близина на островот Лампедуза.

Во одделен инцидент истиот ден, повеќе од 60 лица се пријавени за исчезнати, од кои 26 се стравува дека се деца, соопшти Лекари без граници (MSF).

Бродот се наоѓа на околу 200 километри од брегот на Калабрија во јужна Италија, објави Анса.
Шакила Мохамади од Лекари без граници рече дека слушнала од преживеаните дека 66 лица се водат за исчезнати, меѓу кои најмалку 26 деца, некои на возраст од неколку месеци.

Медитеранот е најсмртоносниот познат миграциски пат во светот.

Според Обединетите нации, повеќе од 23.500 мигранти загинале или исчезнале во водите на Медитеранот од 2014 година.

На почеток