Македонија

Муцунски патува за Луксембург, ќе учествува на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ

Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, на првиот ден од почетокот на мандатот, патува за Луксембург. Муцунски ќе учествува на Состанок меѓу министрите за надворешни работи на Европската Унија и земјите од Западен Балкан.

На состанокот ќе стане збор за евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, како и модалитетите за зајакнување на соработката и присуството на ЕУ во нашиот регион.

Муцунски од Луксембург ќе отпатува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со високи претставници на Европската унија.

Со заседанието на Советот претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. 

На почеток