Метежот на ГП Табановце бил поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија, велат од МВР
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/10/viber_image_2023-10-01_18-45-31-561.jpg)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)