На „Богородица“ се чека по 40 минути, од утре се очекува поголем метеж
Од
Објавено на
Четири колони на возила утринава чекаат за влез во Грција преку граничниот премин „Богородица“. Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) за влез и излез од земјава на овој граничен премин се чека околу 40 минути.
Според камерите, најголема е гужвата за излез од земјава на граничниот премин „Богородица“, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Па, така на „Меџитлија“ и „Дојран“ поминувањето кон Грција е многу побрзо.
Поради летните одмори, утре се очекува зголемен интензитет на сообраќај на граничните премини и на патарините.