Гостиварец си чувал 15 пакувања хероин во “мерцедес”: полицијата го претресе

Од
Објавено на

На 20.07.2022 во 10.45 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(60) од Гостивар.
При претрес во неговиот дом и во возило „мерцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, во возилото биле пронајдени и одземени 15 пакувања со хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени поголем износ на пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
