Македонија

Струмичанец каснат од „црна вдовица”, Чибишев предупредува

Новиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев преку социјалните мрежи се обрати до граѓаните со предупредувања дека овие денови инсектите и влекачите стануваат поактивни, и поагресивни.

Тој информира дека викендот на Клиниката за токсиколгија бил примен пациент во исклучително тешка здравствена состојба заради каснување од инсект кој, според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и од кажувањето на пациентот, бил црн инсект кој личел на пајак, познат како црна вдовица.

Еве што напиша Чибишев:

„Добивам пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии.
Одредени видови на змии и инсекти кои живеат на нашето поднебје можат ако ве каснат сериозно да ви го нарушат здравјето.

Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак.

Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак ,, црна вдовица ,, ( Latrodectus), инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.

Би сакал лично да го истакнам високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во нашата институција.

Исто така, сакам да го истакнам високостручниот пристап според воспоставените протоколи на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа ја стабилизираа состојбата на пациентот.

Колеги, браво за исклучително професионалнот и стручен пристап и брзата реакција.

Се во интерес на пациентите“.

На почеток