Свет

Ужас во Париз: Татко фрлил две деца од прозорец, па се самоубил

Сексуално злоставувал петгодишно момче во Париз, брутално го претепал, го задавил и го оставил да умре, обвинение за 29-годишен маж

Две деца на возраст од 2 и 5 години се тешко повредени кога нивниот татко ги фрлил низ прозорецот од нивниот стан во 14-тиот париски арондисман, а потоа извршил самоубиство.

Трагедијата се случила во саботата вечерта, а лекарите се борат за животот на најмалите.

Според медиумите, таткото се фрлил од прозорецот откако ги фрлил децата.

На хоророт наводно му претходела семејна расправија. Полицијата ја повикале граѓани кои околу 20 часот и 40 минути виделе како маж се фрла од прозорец на стан на 5-ти кат. Претходно ги фрлил и малите од прозорец.

Полицијата и итната помош брзо пристигнале на местото на настанот, но ништо повеќе не можеле да направат за таткото. Во 21 часот била констатирана смрт. Лекарите морале да и помогнат на мајката на децата, која била во шок.

На почеток