Македонија

Катица Јанева се враќа во Идризово

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово

Јанева веќе нема да може да го користи правото на т.н делумна слобода откако била фатена дека не оди на работа во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции извршиле увид во канцеларијата и затекнале дека таа е затворена односно нема никој. Јанева веднаш била вратена во затворот во Идризово.

Катица Јанева доби 7 години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“.

На почеток