За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
,,За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори.
СДС се единствено одговорни за хаосот во ЈСП. Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб.
Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори.
Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија.
И Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.