На осудени за „27 април“ и уште две лица им се дадени прекини на казна поради лекување
Од
Објавено на
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, дал неколку прекини на казни поради лекување, во изминатите две недели. Најголем дел, како што кажа самиот, се осуденици во случајот „27 април“.
„Како в.д. директор на Управата за извршување санкции можам, ако дојде барање од затвореник за акутен здравствен проблем, јас немам право да го одбијам. Факт е, дека 4-5 лица, откако сум директор, што се потпишани барањата“, рече Пандов.
Пандов, прашан дали сите лица се осуденици за 27 април, одговори: „Има едно две кои што не се“.