Македонија

(Видео) Да однесат нормален човек во Шутка со три чисти во глава за краток период ќе попушти, потврдува и директорот на Управата за санкции

Александар Пандов, директорот на Управата за извршување на санкции на денешната прес-конференција зборуваше за затворот „Шутка“. Тој вели дека таму куче да биде врзано за „краток период ќе попушти и со здравје и со мозок и со сè“.

„Има таму ќелии што се потчовечки, не достоинство, па тоа јас на филм го немам видено. Во одредени ќелии кај што влегов, сега се наежив, тоа е под секакво човечко достоинство и срамота е за нас како држава што сме го дозволиле особено ова. Седум години имаа тоа да го поправат, тоа е страшно, језиво, да ве внесат таму нормален здрав човек со три чисти во глава за краток период ќе попушти“, посочи Пандов.

 

БОНУС ВИДЕО:

На почеток